Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити прв финалист во ФА Купот

Фудбалерите на Манчестер Сити многу потешко од очекувањата се пласираа во финалето на англискиот ФА Купот, откако вечерва во полуфиналето на лондонски Вембли го совладаа второлигашот Саутемптон со 2-1.

Манчестер Сити сега е чекор до осмиот трофеј во ФА Купот со што би се израмнил со Ливерпул, Челзи и Тотенхем на вечната листа.

Доку во 82 и Нико во 87 минута ги постигнаа головите за Сити, откако Саутемптон дојде во водство во 79 минута со голот на Азаз.

Противник на Манчестер Сити во финалето ќе биде победникот од утрешното второ полуфинале меѓу Челзи и Лидс.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1