Connect with us

Свет

Британскиот парламент не го усвои законот за асистирано самоубиство во Англија и Велс

Предлог-законот за асистирано самоубиство во Англија и Велс денеска не беше прифатен во британскиот парламент, бидејќи не успеа да биде разгледан навреме, откако со месеци беше блокиран во Домот на лордовите.

Во јуни минатата година, Домот на општините (долниот дом на британскиот парламент) го одобри историскиот предлог-закон за легализирање на асистираното самоубиство за лица кои се во крајна фаза на неизлечиви болести.

Сепак, разгледувањето на текстот беше значително забавено во Домот на лордовите (горниот дом), каде што беа поднесени повеќе од 1.200 амандмани. Оваа стратегија оневозможи законот да биде усвоен во предвидениот временски рок. Последната седница на Дом на лордовите, која се одржа денеска, заврши со конечно отфрлање на овој предлог-закон. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3