Connect with us

Свет

ОЛАФ отвори истрага против поранешниот еврокомесар Питер Манделсон

Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) денеска објави дека започнала истрага против поранешниот амбасадор на Велика Британија во САД и поранешен европски комесар Питер Манделсон.

Манделсон се наоѓа во центарот на голем скандал поради неговите поранешни врски со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин.

„ОЛАФ може да го потврди започнувањето на истрагата за случајот што го споменувате. Меѓутоа, со оглед на тоа што истрагата е во тек, службата не може да даде никаков дополнителен коментар“, се вели во официјалниот имејл дистрибуиран од антикорупциското тело на ЕУ, пренесува БТА. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4