Свет
Најмалку 10 луѓе повредени во торнадо во северниот дел на Оклахома
Најмалку десет луѓе се повредени во торнадо штр го погоди северниот дел на американската сојузна држава Оклахома.
Торнадото предизвикало и значителни штети врз военовоздухопловната база Ванс, што е лоцирана во градот Енид.
Градоначалникот на Енид, Дејвид Мејсон истакна дека градската полиција и противпожарна служба ги координираат своите напори за да одговорат на вонредната состојба и ги повика жителите да ја избегнуваат погодената областа Грејриџ.
април 25, 2026

