Connect with us

Свет

Осум убиени во масовно пукање во Луизијана

Најмалку осум лица, вклучувајќи деца, се убиени, а неколку се ранети во масовно пукање во градот Шривпорт, третиот најнаселен град во американската држава Луизијана, додека осомничениот напаѓач, исто така, е мртов, соопшти денеска локалната полиција.

Две возрасни жени се здобиле со прострелни рани во главата и преживеале, додека едно момче е повредено откако скокнало од покривот, објави локалната подружница на Еј-би-си Луизијана, KTBS.

Луизијана осум деца убиени фото;: Икс

Осомничениот, возрасен маж, е убиен во одделен инцидент во Босиер Париш, поточно тој по нападот грабнал автомобил и бил убиено во полициска потера.

Полицијата не објави детали за напаѓачот, но Борделон рече дека некои од убиените деца се негови потомци.

Голем број полициски сили се уште се на терен, а според првичните информации, случајот има елементи на семејно насилство.

Истрагата е во тек, а властите најавуваат дека повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4