Connect with us

Свет

Извршен уште еден обид за палење синагога во Лондон

Извршен е уште еден обид за палење на синагога во Лондон, по серијата слични инциденти во последните недели, јави ДПА.

Изминатиот месец се регистрирани неколку палења или обиди за палење насочени кон објекти на еврејската заедница.

Инцидентот во синагогата „Кентон Јунајтед“ во областа Хароу предизвика мала штета во една од просториите, нема повредени, ниту е предизвикана сериозна штета на објектот, соопшти денеска британската добротворна организација Комјунити Секјурити Траст (Community Security Trust).

Портпаролот на организацијата рече дека ова е најнов обид за палење на синагога во Северен Лондон, по слични инциденти што ги погодија еврејските заедници во областите Финчли, Голдерс Грин и Хендон.

„Им благодариме на лондонската полиција и противпожарната служба за нивниот брз одговор, како и за нивните напори да ги заштитат Евреите“, соопшти организацијата, додавајќи дека помага во објектот и тесно соработува со полицијата, која го истражува случајот и ги бара сторителите.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3