Свет
Пезешкијан: Иран е подготвен да ги продолжи преговорите
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан во телефонскиот разговор со францускиот колега Емануел Макрон истакна дека Техеран е подготвен да ги продолжи мировните преговори.
Пезешкијан наведе дека Иран ја преферира дипломатијата за решавање на споровите. Според него, заканите, притисокот и воената акција се бескорисни и само „ќе ги влошат проблемите што САД сами ги создадоа“.
Тој додаде дека Европа треба да ги поттикнат САД да се придржуваат до меѓународното право и прописи.
април 14, 2026

