Connect with us

Свет

Грција набавува израелски ракетни системи „PULS“

Грција продолжува со модернизацијата на своите вооружени сили преку набавка на израелскиот ракетен систем „PULS“, соопштија официјални извори.

Медиумите во Атина објавуваат информации за набавката, повикувајќи се на соопштение на грчкото Министерство за одбрана за потпишан договор што предвидува набавка на ракетни системи со дострел од 35 до 300 километри, како и наведувани проектили.

Иако вредноста на договорот не е официјално објавена, претходни извештаи наведуваат дека Атина планира набавка на 36 системи „PULS“ во вредност од околу 650 милиони евра.

Грција има амбициозен план до 2036 година да инвестира околу 28 милијарди евра во модернизација на армијата.

Во меѓувреме, воената и одбранбената соработка меѓу Грција и Израел значително се продлабочува. Двете земји редовно одржуваат заеднички воени вежби и управуваат со база за обука и тренинг во јужниот дел од Грција.

Соработката делумно е последица на зголемените тензии што и двете држави ги имаат со Турција во источниот дел на Средоземјето.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2