Connect with us

Свет

Киев тврди дека погодил руска фрегата и нафтена платформа во Црното Море

Украинските сили во текот на ноќта извршија напади врз руски воен брод во пристаништето Новоросијск и нафтена платформа во близина на Крим, соопшти денеска командантот на украинските сили за беспилотни летала, Роберт Бровди.

Според информациите објавени на апликацијата „Телеграм“, цел на ударот била руската ракетна фрегата „Адмирал Макаров“.

Иако во првичното соопштение беше наведено дека станува збор за бродот „Адмирал Григорович“, подоцна беше извршена корекција во името на пловилото.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3