Свет
Израелски медиуми пишуваат дека Иран повторно употребил касетна муниција, повредени неколку лица
Иран повторно употребил касетни бомби, при последните ракетни напади извршени рано изутринава врз цели во густо населената област на Тел Авив, пишуваат израелски медиуми.
Според нивните информации, извршени биле над 20 напади врз околината на градот. Притоа се повредени неколку лица, вклучувајќи една жена која минала со потешки телесни повреди. Во нападот било погодено и училиште во градот.
Десеттина напади биле извршени и врз цели во северниот дел на Израел, во областа околу Хаифа. Притоа биле опожарени неколку автомобили, а две лица биле пронајдени мртви во зграда погодена во нападите.
Портпаролот на Израелската армија посочува дека најверојатно нападите се извршени со бомби со касетна муниција.
Невладината организација „Human Rights Watch“ неодамна ги осуди иранските напади врз израелските градови со касетна муниција, предупредувајќи дека тоа може да се смета за воено злосторство.
април 6, 2026

