Свет
Тинејџер избоден со нож во Неапол, двајца малолетници под истрага
Четиринаесетгодишен ученик е повреден откако бил избоден со нож во тоалет на училиште во населбата Скампија во Наполи, а двајца малолетници се пријавени во врска со инцидентот, соопштија италијанските власти.
Според првичните информации, 17-годишник, придружуван од неколку врсници, го принудил ученикот да влезе во тоалетот, каде што му нанел убодна рана во ногата. Повредениот е згрижен и се наоѓа надвор од животна опасност.
Во врска со случајот, 17-годишниот осомничен се товари за напад и незаконско поседување оружје, додека 15-годишник е пријавен за помагање и поттикнување.
Припадници на карабинерите интервенирале по пријава од директорот на училиштето, при што ножот бил пронајден скриен во одводна цевка, прикриен со штица. Запленети се и мобилни телефони што ќе бидат предмет на вештачење
март 31, 2026

