Свет
Два кинески брода поминаа низ Ормуската Теснина
Два брода за транспорт на контејнери на кинеската компанија COSCO Shipping поминале низ Ормуската Теснина и го напуштиле Персискиот Залив.
Според податоците од системите за следење бродови, бродот „Индиски Океан“ минал низ Теснината во вчера во 9.14 часот по Гринич, а „Арктички Океан“ поминал 27 минути подоцна.
Тоа се први транзитирања на големи контејнериски бродови низ Теснината од почетокот на конфликтот во регионот, што доведе до сериозно нарушување на поморскиот сообраќај поради зголемените безбедносни ризици.
март 31, 2026

