Connect with us

Вести

Јаневска: Дуалното образование и годинава во фокус кога се работи за уписи на средношколци

Оваа година во конкурсот имаме 25.000 слободни места за упис во средни училишта. Од тоа, предвидени се речиси 17.000 во средното стручно образование. Дуалното образование секако ќе биде фокус. Досега имаме потпишано договори со над 800 компании и продолжуваме да го стимулираме средното стручно образование за да ги пополниме празнините на пазарот на труд, односно она што им е потребно на компаниите за да се подобри производството. Конкурсот е денеска објавен, ќе видиме какви ќе бидат резултатите на крајот – одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска, која денеска беше прашана на што ќе се фокусира Министерството оваа година во однос на денешниот конкурс за упис на средношколци.

Таа беше на увид во градежните работи за изградба на нова спортска сала во општина Кисела Вода.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерката изјави дека по оваа година ќе се види каде навистина треба да се гради, а каде и нема потреба да се вложува во училишни згради, ако нема ученици.

– Она што со сигурност го знам е дека, на пример, во општините Аеродром, Кисела Вода, Чаир, потребни се нови училишта или доградби што ќе ги примат сите ученици за да може да се одвива наставата. Но, навистина во внатрешноста на земјата постојат училишта во кои 40 деца се поделени во четири паралелки. Тие деца ниту може да запознаат нешто повеќе од својата мала група, ниту да се натпреваруваат, ниту да видат поинакво однесување. Јас навистина не можам да сфатам зошто досега ние ова не сме го решавале, ќе мора да го решиме во корист на децата – децидна беше министерката

Маркетинг
Ad 2
Ad 4