Connect with us

Свет

Нетанјаху му дозволи на патријархот на Ерусалим пристап до светите места

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денеска изјави дека на латинскиот патријарх во Ерусалим, кардиналот Пјербатисти Пикабала, ќе му биде дозволен „целосен и моментен пристап“ до црквата „Свет гроб“. На кардиналот вчера му беше забранет пристап и држење миса по повод празникот Цветници.

Според Нетанјаху, Пикабала, кој е поглавар на католичката црква во Светата земја, бил замолен да не влегува во црквата поради негова безбедност. Голем број западни држави реагираа откога на Пикабала не му беше дозволен влез во црквата.

Кардиналот Пикабала и свештеникот Франческо Иелпо беа запрени пред црквата „Свети гроб“ вчера кога имаа намера да одржат миса по повод христијанскиот празник Цветници, кој го означува почетокот на светата недела пред католичкиот Велигден.

Канцеларијата на Пикабала соопшти дека првпат по многу векови на латински патријарх му било забрането да влезе во светото место.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2