Connect with us

Свет

Финска започна истрага по навлегувањето на дронови во нејзиниот воздушен простор

Министерството за одбрана на Финска денеска соопшти за веројатно незаконски упад на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата, по што министерот Анти Хјакјанен објави дека е почната официјална истрага.

Дроновите биле забележани во југоисточниот дел на Финска, а неколку мали објекти кои летале бавно и ниско биле лоцирани над финските води. Според Министерството, еден дрон паднал северно од градот Коувола, а втор источно од него. Финските военовоздухопловни сили веднаш испратиле ловец „Ф/А-18 Хорнет“ за да го потврдат присуството на леталата.

Овој инцидент следува по слични настани во Литванија, Летонија и Естонија, каде паднатите дронови беа идентификувани како украински. Литванските власти претпоставуваат дека овие летала биле дел од напад врз руските извозни пристаништа Приморск и Уст Луга на Балтичкото Море.

„Дејствуваме со соодветна сериозност. Истрагата е во тек и нови информации ќе бидат споделени штом податоците бидат потврдени, напиша Хјакјанен на социјалните мрежи

Маркетинг
Ad 3
Ad 3