Останати спортови
Нова сообраќајка на голф легендата Тајгер Вудс
Легендарниот гол играч Тајгер Вудс предизвика нова сообраќајка. 50-годишниот Вудс на Флорида со свој Ленд Ровер „го закачил“ камионот, кој се обидувал да го претекне. Повредени нема, а Вудс го минал алкотестот, но одбил урина тест.
Со кауција тој е пуштен на слобода, а во притвор минал осум часа.
Сообраќајниот инцидент го коментираше и претседателот на САД, Доналд Трамп:
„Се чувствувам лошо. Има некои проблем, тоа е сè што знам. Тој ми е близок пријател, неверојатен човек“, изјави Трамп.
Тајгер Вудс веќе имал неколку проблеми во сообраќајот, а во 2021 година со многу среќа преживеал. Во 2009 година удрил во хидрант и во дрво, а во 2017 година полицијата го нашла во бесвесна состојба во близина на неговата куќа на Флорида. Во извештајот од токсикологија тогаш имало супстанции на неколку легални лекови, но и на марихуана. Осуден е на една година условна казна.
март 29, 2026

