Connect with us

Свет

Иран ги предупредува САД да не преземаат копнена инвазија

Техеран денеска ги предупреди САД да не распоредуваат копнени трупи во Иран, откако во безбедносните извештаи се наведува дека Вашингтон префрла сè повеќе сили во регионот на Заливот, јави ДПА.

„Внимателно ги следиме сите движења на САД во регионот, особено распоредувањето на трупи“, напиша претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф на Икс. 

„Не ја тестирајте нашата решеност да ја браниме нашата земја“, рече Галибаф, кој е поранешен генерал.

Коментарите на иранскиот функционер доаѓаат откако медиумите објавија дека американската Влада наредила распоредување на илјадници војници од воздухопловна дивизија на Блискиот Исток. Се шират гласини за можна инвазија на иранскиот остров Харг, најважниот извозен терминал за иранска нафта во Заливот, пренесува ДПА.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2