Connect with us

Свет

Контрауслови од Техеран до Вашингтон: Иран бара отштета и крај на санкциите заради мир на Блискиот Исток

Иран одговори на американскиот мировен план од 15 точки со свои барања, кои вклучуваат затворање на сите воени бази на САД на Блискиот Исток и наплата за премин низ Ормуската Теснина, објави „Волстрит џурнал“.

Покрај затворањето на базите во регионот на Заливот, Техеран бара отштета за нападите врз земјата, гаранции дека војната нема повторно да почне, прекин на израелските напади врз Хезболах и укинување на сите санкции. Иран исто така инсистира на задржување на својата балистичка програма без никакви ограничувања. Американски официјален претставник ги опиша овие барања како „смешни и нереални“.

Според извештаите на „Аксиос“, во Техеран постои голема недоверба бидејќи двапати биле нападнати додека воделе разговори со администрацијата на Трамп.

Претходно беа објавени и американските услови доставени преку пакистански посредници, кои бараат демонтирање на нуклеарните капацитети на Иран, предавање на резервите на збогатен ураниум на МААЕ и прекин на поддршката за регионалните прокси-групи. За возврат, САД нудат укинување на меѓународните санкции и помош за цивилна нуклеарна програма.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2