Connect with us

Свет

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март. На истиот датум ќе биде затворен и паштунскиот, Радио Машал. 

– Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале – изјави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус, на „Икс“.

Радио Слободна Европа на македонски јазик работи од 2001 година. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3