Свет
Кина предупреди на ризик ситуацијата на Блискиот Исток да ескалира
Кина денеска предупреди на ризикот ситуацијата на Блискиот Исток да излезе од контрола доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја спроведе својата закана за уништување на иранските електрани.
За време на редовната прес-конференција, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, го повтори повикот на Кина за итно прекинување на огнот.
„Употребата на сила само ќе доведе до маѓепсан круг“ на размена на напади, рече Лин.
Како економски и политички партнер на Иран, Кина остро ги осуди нападите на САД и Израе, кои почнаа на 28 февруари.
Кина исто така имплицитно ги критикува нападите на Иран врз земјите во регионот и блокадата на Ормуската Теснина.
Дискретно работи на смирување на тензиите преку дипломатски канали, пишува парискиот весник „Ле Монд“.
март 23, 2026

