Connect with us

Свет

Агенти на ICE распоредени на 14 американски аеродроми

Агенти на американската Служба за имиграција и царина (ICE) денеска почнаа да се распоредуваат на неколку аеродроми во САД за да помогнат во безбедносните проверки, бидејќи отсуството на безбедносните службеници кои не добиваат плата предизвикува огромни одложувања.

Министерството за внатрешна безбедност потврди дека започнало со распоредување на стотици агенти на ICE за да помогнат во обезбедувањето на аеродромите кои се соочуваат со значителен недостиг на персонал, објавија британските медиуми.

Агентите се распоредени на 14 аеродроми, вклучувајќи ги Атланта, ЏФК во Њујорк, Кливленд, Питсбург, Феникс и Форт Мајерс. Од аеродромот Хартсфилд-Џексон во Атланта, најпрометниот во САД, на патниците им било кажано да пристигнат најмалку четири часа порано за своите денешни летови.

Службениците за безбедност не добиваат плата поради блокирањето на државниот буџет, поради што голем број работници почнаа масовно да отсуствуваат од работа.

Трамп се закани во саботата дека денеска ќе распореди агенти на ICE на аеродромите ако не се усвои законот за финансирање на Министерството за внатрешна безбедност, чие одложување доведе до недостигот.

Предлог-законот со кој, меѓу другото, би се гарантирале платите на членовите на безбедносната служба на американските аеродроми не беше усвоен во Сенатот во петокот, откако демократите одбија да ја обезбедат потребната поддршка за негово усвојување.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3