Connect with us

Свет

Иран: Трамп се повлече по нашето цврсто предупредување

Во меѓувреме, Амбасадата на Иран во Кабул на социјалните мрежи објави дека Трамп се повлекол по иранските закани дека цел ќе биде енергетската инфраструктура во регионот.

Претходно, Трамп соопшти дека наредил привремено одложување на сите напади врз иранската енергетска инфраструктура за период од пет дена, по, како што наведе, „многу добрите и продуктивни разговори“ меѓу САД и Иран за целосно завршување на непријателствата на Блискиот Исток.

Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) истакна дека во изминатите два дена биле одржани „детаљни, опсежни и конструктивни разговори“ меѓу двете страни, кои ќе продолжат во текот на неделата.

Врз основа на карактерот и тонот на овие разговори наредив Министерството за одбрана да ги одложи сите воени удари врз иранските енергетски постројки и инфраструктурата за пет дена под услов тековните состаноци и разговори да бидат успешни, напиша Трамп.

Тој пред два дена се закани дека САД ќе ги „уништат“ иранските електрани доколку Техеран не ја отвори целосно и без услови Ормутска Теснина во рок од 48 часа.

Иранската новинска агенција „Фарс“’ објави дека Иран немал ниту директна ниту индиректна комуникација со САД.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2