Connect with us

Тенис

Мусети го откажа настапот на турнирот во Мајами

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети, петти во светот, нема да игра на турнирот во Мајами, САД.

Дваесет и четиригодишниот тенисер ја повреди десната рака. Претходно се опоравуваше од повреда на колкот.

-За жал, морав да се откажам од турнирот во Мајами. Обожавам да играм тука, но ми треба само малку време за да бидам 100 проценти подготвен. Ви благодарам за вашата поддршка и со нетрпение очекувам да ве видам сите во текот на сезоната на земјени терени – напиша Мусети на социјалните мрежи.

Италијанецот беше четврти носител на Мастерсот и требаше да го започне своето натпреварување во второто коло. 

Мусети на турнирот ќе биде заменет од среќниот губитник.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1