Култура
Промовирана книгата „Ќе те има“, стихови посветени на загинатите во пожарот во Кочани
Во рамките на одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар, во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше промовирана книгата „Ќе те има“, од авторката Марина Стојчевска.

Како што беше истакнато на промоцијата, станува збор за стихови посветени на сите починати млади луѓе во трагичниот пожар од 16 март 2025 година, а инспирирани од Спире Стоименов, апсолвент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство во Скопје.
Промоцијата ја организираше ЦК „Бели мугри” во соработка со семејството Стоименови и Здружението „16 март 2025 Кочани”.
март 16, 2026

