Култура
Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ на 8 април во Охрид
Библиотерското здружение на Македонија традиционално го организира 26-от Републички натпревар „Млади библиотекари“.
Регионалниот натпревар НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе го одржи на 8 април – среда во просториите на Библиотеката со почеток во 10 часот.
Право на учество на натпреварот имаат членовите на библиотеките на Основните училишта од Охрид и Дебрца до 14 годишна возраст.
За подготовка учесниците на натпреварот треба да користат: Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“, во издание на Библиотекарското здружение на Македонија според кој ќе се формираат и прашањата.
Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од еден час (60 минути). Натпреварувачите се потпишуваат со шифра.
Победникот од натпреварот се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар, кој оваа година ќе се одржи во Дом на култура „Драги Тозија“во Ресен на 15 мај оваа година.
Основните училишта од општините Охрид и Дебрца најдоцна до 27 април треба да ја информираат Библиотеката за учеството и бројот на натпреварувачите. За какви било информации можат да се обратат во НУ-Библиотека „Григор Прличев“ Охрид или на 046/ 264-838.
март 16, 2026

