Connect with us

Формула 1

Прва победа за Антонели во Формула 1

Деветнаесетгодишниот Италијанец, Кими Антонели ја освои Големата награда на Кина.

Возачот на Мерцедес, утрово во Шангај ја оствари својата прва победа во шампионатот во Формула 1.

Неговиот колега од Мерцедес, Џорџ Расел заврши втор, додека возачот на Ферари, Луис Хамилтон го освои третото место.

Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри се откажаа од трката уште пред стартот, додека четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен (Ред Бул) поради проблеми со болидот се откажа во 46-от круг.

Во поредокот кај возачите води расел со 51 бод, втор е Антонели со 47, Шарл Леклер има 34, Хамилтон собра 33.

Мерцедес со 98 е прв во поредокот кај конструкторите, втор е Ферари со 67.

Следната Формула 1 трка ќе се одржи во Јапонија на 29 март.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1