Connect with us

Тенис

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс

Рускиот тенисер Данил Медведев ноќеска го победи Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето на турнирот Индијан Велс.

Мечот траеше 1 час и 38 минути игра и заврши со резултат 6:3 и 7:6 (7:3).

Триесетгодишниот Русин (рангиран 11-ти во светот) сервираше четири аса, не направи двојна грешка и реализираше две од две брејк топки.

Од друга страна, првиот светски рекет, 22-годишниот Алкараз, сервираше два аса, направи две двојни грешки и реализираше една од пет брејк топки.

Во финалето на турнирот, Медведев ќе се соочи со Јаник Синер, кој го победи Германецот Александар Зверев во полуфиналето.

Мечот за трофејот е закажан за вечер во 22 часот. Претходно, од 19 часот ќе почне женското финале во кое ќе играат Арина Сабаленка (Белорусија) и Елена Рибакина (Казахстан).

Наградниот фонд на Мастерсот во Индијан Велс (САД) изнесува 9,4 милиони долари. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2