Формула 1
Возачите на Мекларен, Норис и Пјастри, не успеаја да ја започнат Големата награда на Кина во Формула 1
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, актуелниот шампион во Формула 1, не можеше да се натпреварува на Големата награда на Кина, втората рунда од новата сезона, објави прес-службата на тимот.
Дваесет минути пред почетокот, Мекларен објави дека откриле проблем со автомобилот на Британецот и се обидуваат да го поправат. Додека другите возачи веќе ги зазедоа своите места на стартот, автомобилот на Норис остана единствениот во гаражата. Неговиот колега, Австралијанецот Оскар Пјастри, исто така беше ставен во боксот неколку минути пред почетокот на трката.
-За жал, идентификувавме индивидуални проблеми на двата болида што ги спречија да ја започант трката за Големата награда на Кина, при што автомобилот на Оскар беше повлечен кратко пред формацискиот круг. Сега ќе работиме на секој од овие проблеми, се вели во соопштението на тимот на профилот на социјалните мрежи X.
Покрај возачите на Мекларен, не успеаја да стартуваат и возачот на Вилијамс, Александар Албон, и возачот на Ауди, Габриел Бортолето од Бразил.
Трката во Шангај почна во 8 часот по македонско време.
март 15, 2026

