Connect with us

Формула 1

Антонели ја освои пол-позицијата на ГН на Кина

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, победи на денешните квалификациите за Големата награда на Кина.

Најдобриот круг на 19-годишниот Италијанец беше 1 минута и 32,064 секунди. 

Ова е прва пол-позиција во кариерата на Антонели. Тој исто така стана најмладиот освојувач на пол-позиција во историјата на Формула 1.

Второто место во квалификациите му припадна на другиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел (+0,222 секунди), додека третото му припадна на Луис Хамилтон од Ферари (+0,351). 

Во третиот сегмент од квалификациите Расел имаше технички проблеми со својот автомобил и се заглави во првиот сектор. Сепак, тој успеа да стигне до боксот, каде што му беше заменет воланот и се врати на патеката.

Меѓу првите шест се и Шарл Леклер (Ферари +0,364), Оскар Пјастри (Мекларен +0,486) и Ландо Норис (Мекларен +0,544). Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен (Ред Бул) заврши осми (+0,938).

Трката ќе се вози утре (15 март) со почеток во 8 часот по македонско време.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1