Connect with us

Фудбал

На повеќето играчи на Тотенхем ќе им бидат преполовени платите ако испаднат од Премиер лигата

На повеќето фудбалери на Тотенхем ќе им бидат намалени платите за приближно 50 проценти ако клубот испадне од Премиер лигата, објави „The Athletic“.

Оваа клаузула била вклучена во сите договори потпишани пред заминувањето на Даниел Леви како претседател во септември.

Тотенхем има 29 бода од 28 натпревари и е на 16. место на табелата во најсилното англиско фудбалско натпреварување. Тимот од Лондон е на само четири бода над зоната за испаѓање.

Следниот натпревар на Тотенхем во Премиер лигата е на 5 март против Кристал Палас.

Спарс последен пат испаднаа од елитата во 1977 година.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1