Фудбал
Арсенал го доби дербито со Челзи и ја задржа предноста од пет бода
Фудбалерите на Арсенал го добија дербито на 28.коло од Премиер лигата откако попладнево го совладаа Челзи со 2:1. Сите три гола на дуелот беа постигнати по корнери. Со новите три бодови лидерот Арсенал има 64 бодови, или пет повеќе од Манчестер Сити, но и натпревар повеќе.
„Топџиите“ поведоа во 21.минута со голот на Вилијам Салиба, а гостите изедначија во судиското надополнување од првиот дел (45+2) по корнер и беше автогол на Пиеро Инкапие. Победничкиот гол Арсенал го постигна во 66.минута, а стрелец беше Журиен Тимбер.
Неколку минути по водството на Арсенал поради втор жолт картон беше исклучен играчот на Челзи Нето. Во судиското надополнување на вториот дел Челзи постигна гол преку Лиам Делап, но поради офсајд позиција беше поништен.
Новото коло од Премиер лигата ќе се игра од вторник (3.март) до четврток (5.март).
март 2, 2026

