Фудбал
Интер е сигурен во домашното првенство
По елиминацијата во Лигата на шампионите екипата на Интер оствари синоќа ја продолжи низата од успешни настапи во домашното првенство и ја совладаа Џенова со 2:0. Со овој триумф играчите на Интер покажаа дека испаѓањето од Лигата на шампионите е веќе минато.
Интер во Серија А последниот пораз го има доживеано од Милан кон крајот на ноември минатата година и е во серија од 14 победи од 15 натпревари без пораз со нерешен резултат со Наполи.
Победата синоќа против Џенова ја „донесоа“ Федерико Димарко и Хакан Чалханоглу, кои беа стрелци на головите. Димарко беше стрелец во 31.минута, а Чалханоглу во 70.минута од пенал.
Интер е лидер на табелата со 67 бодови, пред Милан кој има 54 и денеска гостува кај Кремонезе, додека Наполи на нашиот Елиф Елмас има 53 по вчерашниот триумф над Верона
март 1, 2026

