Connect with us

Фудбал

Ефикасно попладне на дуелите од Премиер лигата

На трите натпревари одиграни попладнево во рамки на 28.коло од Премиер лигата беа постигнати вкупно 19 голови или повеќе од шест по натпревар. На два дуела победија гостите, а единствената победа ја оствари првакот Ливерпул.

На Енфилд „црвените“ го совладаа вест Хем со 5:2, а гостински победи остварија Евертон против Њукасл со 3:2 и Брентфорд против Барнли со 4:3, иако на овој натпревар домашните постигнаа гол за 4:4 и по прегледувањето на ВАР снимката голот беше поништен.

На првиот дуел од денешната програма Борнмут одигра нерешено со Сандерленд 1:1.

Последниот натпревар од денешната програма меѓу Лидс и Манчестер Сити почнува во 18:30 часот.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2