Connect with us

Фудбал

Милан чека на одговор на Модриќ

Медиумите во Италија будно ги следат случувањата во тимот на Милан и актуелната ситуација со хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Клубот сака да ја активира клаузулата за продолжување на неговиот договор на уште една сезона.

Сепак се чека одговор и на самиот играч.

Како што пренесува „Газета дело спорт“ во клубот се надеваат на позитивен одговор, пред Модриќ да ги почне подготовките со Хрватска за претстојното Светско првенство. Ако успее во тој обид Милан ќе го има Модриќ во својот состав и во сезоната 2026/27.

Потврден одговор очекуваат навивачите, тренерот, но она што е важно за италијанскиот клуб е тоа што и самиот Модриќ е среќен во дресот на Милан.

Покрај продолжување на престојот во Милано за Модриќ има уште две варијанти: да одигра една сезона (последна во кариерата) во Динамо Загреб или да ја заврши кариерата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3