Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид – Манчестер Сити најатрактивна осминафинална двојка од Лигата на шампионите

Дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е најатрактивната двојка од осминафиналето од денешното извлекување во Лигата на шампионите што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Бранителот на трофејот ПСЖ за противник го доби премиерлигашот Челзи, додека Барселона за ривал го доби тимот од Премиер лигата Њукасл.

Изненадувањето норвешкиот првак Бодо/Глимит за ривал го доби Спортинг, додека Галатасарај по триумфот над Јувентус ќе игра против уште еден европски првак Ливерпул.

Единствениот италијански претставник во осминафиналето Аталанта за ривал ќе го има Баерн Минхен, додека Атлетико Мадрид ќе биде домаќин на Тотенхем, а Баер Леверкузен го пречекува лидерот на Премиер лигата Арсенал.

Осминафинални двојки во Лигата на шампионите:

ПСЖ – Челзи

Реал Мадрид – Манчестер Сити

Њукасл – Барселона

Бодо/Глимт – Спортинг

Галатасарај – Ливерпул

Аталанта – Баерн

Атлетико Мадрид – Тотенхем

Баер Леверкузен – Арсенал.

Првите натпревари се играат на 10/11. март, а реванш дуелите се на програмата на 17/18. март. Финалето се игра на 30. мај во Будимпешта. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2