Connect with us

Свет

Шикорски: Одбраната од евентуална руска агресија би чинела 1,2 билион евра

Одбраната на источното крило на НАТО во случај на потенцијална руска агресија би чинела најмалку 1,2 билион евра, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи, Радослав Шикорски.

„Одбраната на земјите од источното крило на НАТО во случај на потенцијална руска агресија би чинела најмалку 1,2 билион евра, што е 24 пати повеќе од полскиот буџет за одбрана“, им рече Шикорски на пратениците во говорот во полскиот парламент.

Како што оцени, „свеста за опасноста може да парализира или мобилизира“.

„Сите ја препознаваме заканата. Ситуацијата е сериозна. Не можеме да си дозволиме парализа. Пасивноста или потпирањето на другите е повик за ескалација. Ова важи и за коментарите дека ова не е наша војна“, рече Шикорски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3