Connect with us

Свет

„Лувр“ добива нов директор

Историчарот на уметност Кристоф Лерибо ќе биде новиот директор на музејот „Лувр“ во Париз, изјавиле денеска француски официјални лица за „Асошиетед прес“, кои зборувале под услов на анонимност.

Како што пренесе Бета, предизвиците што Лерибо ќе ги наследи се големи, со оглед на тоа што Лувр беше ограбен во октомври минатата година, кога беа украдени кралски скапоцености. Тој грабеж беше една од најголемите музејски кражби досега.

Лувр, исто така, претрпе низа други проблеми, меѓу кои и пукање на цевка во близина на „Мона Лиза“, како и штрајк на персоналот поради пренатрупаност и недоволен број вработени.

Притисокот врз раководството на музејот се продлабочи во последните недели кога властите открија операција за измама со билети поврзана со музејот, за која истражителите велат дека го чинела Лувр околу 10 милиони евра.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1