Connect with us

Свет

Поранешниот норвешки премиер Јагланд приведен поради блиски односи со Епстин, се обидел да се самоубие

Поранешниот премиер на Норвешка, Торбјорн Јагланд пред една недела бил примен во болница по обидот да се самоубие.

Норвешките медиуми не објавија за обидот за самоубиство на Јагланд, кој на 12 февруари беше осомничен за тешка корупција поврзана со неговиот близок однос со Џефри Епстин.

Уредниците на норвешките медиуми се договориле со адвокатот на Јагланд да не известуваат за неговиот обид за самоубиство, но норвешкиот весник „иНиетер“ одлучи да објави со образложение дека медиумите не смее да подлегнат на притисок и оти јавноста има право да знае.

Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека Јагланд е во тешка здравствена состојба, но не открива во која болница е на лекување.

Истиот ден кога Јагланд беше осомничен, полицијата изврши претрес во неговиот стан во Осло и на имотот во Рисор.

Во писмото упатено до Советот на Европа се наведува дека Јагланд и неговото семејство во периодот од 2011 до 2018 година повеќепати ги користеле приватните станови на Епстин во Париз и во Њујорк, а престојувале и во неговата вила во Палм Бич на Флорида.

Епстин наводно платил едно патување за шест возрасни лица. А исто така покојниот сексуален предатор се понудил да плати за Јагланд и неговото семејство патување на Карибите, но патувањето не се реализирало.

Јагланд барал помош од Епстин за банкарски кредит, но не е познат исходот.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2