Connect with us

Свет

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти

САД воведоа нови тарифи од 10 проценти за сите стоки што не се ослободени од данок, објави денеска Царинската и гранична заштита на САД (CBP). Тие се идентични со почетната стапка објавена од Доналд Трамп и покрај последователните закани дека ќе изнесуваат 15 проценти.

Како одговор на одлуката на Врховниот суд, со која се поништуваат неговите итни тарифи, Трамп во петокот објави нови привремени глобални тарифи од 10 отсто за во саботата да рече дека ќе ги зголеми на 15 отсто.

Царинската служба соопшти дека, освен за производите наведени како предмет на ослободување, увозот „ќе биде предмет на дополнителна ad valorem стапка од 10 отсто“.

Овој потег внесе дополнителна конфузија за трговската политика на САД, особено затоа што не беше објаснето зошто е користена пониската стапка.

Според одлуката на Врховниот суд, САД од денеска не собираат нелегални царини. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1