Connect with us

Свет

Трамп негира дека има несогласувања со највисок американски воен функционер за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги негира медиумските извештаи дека претседателот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн, го предупредил против целосна воена интервенција во Иран.

„Генерал Кејн, како и сите ние, би претпочитал да не види војна, но доколку се донесе одлука за воена интервенција против Иран, тој верува дека тоа би било нешто што лесно би можело да се добие“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа „Тру соушал“.

„Одлуката е моја и јас би сакал да склучам договор отколку да не склучиме, а ако не го постигнеме, тоа ќе биде многу лош ден за таа земја (Иран), за жал, и за нивниот народ. Со оглед на тоа што тие (Иранците) се одлични и прекрасни, нешто толку лошо не треба да им се случи“, додаде Трамп.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2