Connect with us

Свет

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо

Мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Арфуш денеска изјави дека 25 припадници на Националната гарда загинале во сојузната држава Халиско во шест одмазднички напади откако армијата вчера го уби шефот на наркокартелот „Халиско нова генерација“ (ЦЈНГ), Немесио Рубен Осегер Сервантес – Ел Менчо.

Во акцијата против Ел Менчо загинаа 30 членови на наркорателот, еден затворски чувар, еден агент обвинител и една жена, наведе Арфуш.

Во неколку делови на Мексико денеска се затворени училиштата, а властите ги предупредија граѓаните да не излегуваат непотребно на улиците поради зголеменото насилство од картелот поради убиството на Ел Менчо.

Наркокартелот на Ел Менчо шверцува фентанил, метамфетамин и кокаин од Мексико во САД. Ел Менчо беше убиен во престрелка со армијата, која се обиде да го приведе, а неговиот картел одговори со блокада на патиштата и палење на автомобили ширум Мексико.

Мексико се надева дека смртта на еден од најголемите светски трговци со фентанил ќе го намали притисокот од САД за мексиканските власти да вложат повеќе напори во борбата против картелите.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2