Connect with us

Свет

Новата холандска влада на премиерот Роб Јетен положи заклетва

Сите членови на новата холандска влада денеска положија заклетва пред кралот Вилем-Александар, објави националната новинска агенција АНП.

Кабинетот е составен од 18 министри и 10 државни секретари, вклучувајќи го и премиерот Роб Јетен.

Министрите, кои беа дел од кабинетот на претходниот премиер Дик Шоф, не беа обврзани повторно да положат заклетва за разлика од државните секретари.

Десет члена на новиот кабинет се од партијата Демократи-66 на Јетен, девет од Народната партија за слобода и демократија и осум од Христијанско-демократскиот апел. Државната секретарка Сандра Палмен, која е одговорна за надминување на последиците од скандалот со детскиот додаток, е непартиска.

Кратко по заклетвата, министрите се појавија на скалите од палатата Хојс тен Бос за традиционалната фотографија.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3