Connect with us

Свет

Источниот брег на САД се подготвува за уште една силна снежна бура

Нова снежна бура му се заканува на источниот брег на САД, бидејќи на места, вклучувајќи го и Њујорк, се очекува снежна покривка од над 30 сантиметри, соопшти Националната метеоролошка служба.

По силната зимска бура кон крајот на јануари, големите градови во североисточниот дел на САД, како што се Њујорк, Филаделфија, Бостон и главниот град Вашингтон, се подготвуваат за нови снежни врнежи и бурни ветрови.

„Во Бостон може да паднат од 30 до 60 см снег. Поради снегот во некои делови од источниот брег, ситуацијата со патиштата може да стане комплицирана, а движењето може да стане речиси невозможно, соопшти метеоролошка служба и предупреди за ризикот од прекин на електричната енергија.

Во Делавер и Њу Џерси се очекуваат и поплави. За силна бура се подготвуваат и властите и жителите на Њујорк.

„Засега очекуваме меѓу 33 и 43 см снег, но може да достигне 50 или повеќе сантиметри. Ги молам сите жители на Њујорк да останат дома и да избегнуваат патувања“, рече градоначалникот на градот, Зохран Мамдани, на брифинг со новинарите  и предупреди дека патувањето утре наутро може да биде исклучително опасно.

Кон крајот на јануари, неколку региони на САД ги зафати силна зимска бура, која, според информации на властите, однесе повеќе од 100 жртви. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3