Свет
САД не исклучуваат директен напад врз ајатолахот Али Хамнеи и неговиот син Моџтаба
Администрацијата на претсеадтелот на САД Доналд Трамп е подготвена да разгледа предлог што би му овозможил на Иран да задржи „симболични“ капацитети за збогатување на ураниум, под услов Техеран целосно да се откаже од можоста за рзвој на атомска бомба, изјавиле високи американски функционери за „Аксиос“.
Иако постои мала можност за договор, американските претставници велат дека евентуалниот компромис со Иран ди требало да исполни многу високи стандарди за да ги „омекне“ скептиците во администрацијата на Трамп и на Блискиот Исток (Израел).
– Претседателот Трамп ќе биде подготвен да прифати договор што би бил суштински и што тој може политички да го продаде дома. Ако Иранците сакаат да спречат напад, треба да ни дадат понуда што не можеме да ја одбиеме. Иранците постојано го пропуштаат прозорецот на можност. Ако играат игри, нема да имаме многу трпение, велиат американските функционери.
Според американските и израелските претставници, разликите меѓу Вашингтон и Техеран „остануваат длабоки“ и прагот за прифаќање на иранскиот предлог е висок.
Висок советник на Трамп, цитиран од „Аксиос“, нагласува дека американскиот претседател „сè уште не одлучил да нападне Иран. Можеби никогаш нема да го стори тоа, а можеби ќе се разбуди утре и ќе каже: тоа е тоа.“
На Трамп му биле претставени и воени опции што вклучуваат директно таргетирање на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и неговиот син Моџтаба.
– Тие имаат по нешто за секое сценарио. Едно сценарио ги елиминира ајатолахот, неговиот син и мулите, вели советникот, осврнувајќи се на врховниот лидер Али Хамнеи и неговиот син Моџтаба.
Според американски извори, претставниците на Трамп во индиректните рагзовори со Иран, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, побарале од Техеран детален предлог што би ги решил загриженостите на САД.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, изјави дека нацрт-предлогот ќе биде финализиран во следните два или три дена. Според Арагчи, тоа ќе мора да биде „договор од кој сите добиваат“ и ќе вклучува политички обврски и технички мерки, со евентуално вклучување на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, во надгледувањето на програмата.
Американските претставници нагласуваат дека одлуката за понатамошните чекори на Вашингтон ќе зависи од содржината на пишаниот ирански предлог, со порака дека „топката е во нивниот двор“.
февруари 21, 2026

