Connect with us

Тенис

Алкараз се пласираше во финалето во Доха

Најдобриот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во финалето на АТП турнирот во Доха, откако вечерва го совлада Русинот Андреј Рубљов со 2:0 во сетови (7:6(3), 6:4).

Алкараз дојде до победата над 14 играч на АТП листата по два часа и три минути.

Шпанецот пет пати му го одзеде сервисот на противникот, кој направи четири брејка.

Во финалето, Алкараз ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Финс – Меншик.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4