Connect with us

Свет

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ почнува мисија во Северен Атлантик и на Балтичкото Море

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ почнува мисија во Северен Атлантик и на Балтичкото Море, соопшти денеска Министерството за вооружени сили на Франција.

Мисијата доаѓа во контекст на нестабилност поради Русија и апетитите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Гренланд, објави француска новинска агенција.

Носачот на авиони и неговите придружни бродови треба да пристигнат во Малме, Шведска, на 25 февруари. Тие ќе останат таму неколку дена, што ќе се случи првпат, соопшти шведското Министерство за одбрана.

За време на ова патување, француската група носачи на авиони ќе учествува во мисијата на НАТО „Балтичка стража“ во Балтичкото Море. Таа е дизајнирана да ги спречи заканите за подводната инфраструктура по сечењето на каблите за кои постои сомневање дека се оркестрирани од Москва. Групата носачи исто така ќе учествува во три вежби на НАТО на Балтичкото Море.

Групата носачи на авиони е составена од носачот на авиони и неговите авиони, неколку фрегати, брод за полнење гориво и напаѓачка подморница. Покрај значајниот оперативен капацитет, групата е и средство за стратешка и дипломатска комуникација.

Бродови од Италија, Шпанија, Холандија, Мароко, Обединетото Кралство, Данска, Норвешка и Германија ќе ја поддржат француската мисија, соопшти француското Министерство за вооружени сили.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4