Connect with us

Свет

Брисел му дозволи на Берлин да го преземе „Роснефт Германија“

Со одобрение на Европската комисија, сојузната влада во Берлин смее да преземе целосна контрола врз „Роснефт Германија“ (Rosneft Germany).

„Комисијата заклучи дека пријавената трансакција нема да предизвика загриженост во однос на конкуренцијата“, се наведува во соопштението за медиумите објавено денеска.

„Роснефт Германија“ сочинува околу 12 проценти од германскиот капацитет за преработка на нафта, што ја прави една од најголемите компании за преработка на нафта во Германија, пренесе ДПА.

По инвазијата на Русија врз Украина во 2022 година, Берлин ги стави подружниците на Роснефт – „Роснефт Германија“ и „РН Рефајнинг & Маркетинг“ (RN Refining & Marketing GmbH), под контрола.

Сојузната влада исто така имаше контрола врз соодветните акции на „Роснефт Германија“ во рафинеријата „ПЦК Швет“ (PCK Schwedt), рафинеријата „МиРо“ (MiRo) во Карлсруе и рафинеријата „Баерноил“ (Bayernoil) во Фобург.

Рафинеријата ПЦК во Швет снабдува голем дел од североисточна Германија и Берлин со бензин, нафта за греење и керозин.

Сојузната влада во тоа време исто така одлучи да престане да користи руска нафта од гасоводи, со која ПЦК се снабдуваше со децении.

Целта на контролата беше да се обезбеди сигурност во снабдувањето, бидејќи алтернативните добавувачи на сурова нафта се закануваа дека ќе ги прекинат деловните односи доколку контролата се врати на руската државна компанија „Роснефт“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2