Општини
Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан на закројување винови лози во неготинско Лепово
Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан и претседателот на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во присуство на министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, институции, лозари и соработници на винарницата, денеска го извршија свечениот чин на закројување на лозјата во неготинско Лепово. Посакаа здравје, среќа и бериќет.
Со овој традиционален чин симболично беше означен почетокот на новата лозарска сезона, со порака за единство, одговорност и визија за одржлива иднина на македонското винарство.
– Иднината на лозарството мора да се гради врз основа на наука, стандарди и економски одржливи насади, рече Јаневски.
На неколку места во општините од Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата, денеска се изврши симболична резидба на винови лози. Се слави празникот Свети Трифун, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
февруари 15, 2026

