Култура
Игор Дурловски ќе гостува во NCPA во Пекинг, годинава ќе има настапи и во Торино, Париз и Богота
Оперскиот пејач Игор Дурловски во ноември годинава ќе настапи во улогата на Зарастро во „Волшебната флејта“ во оперската куќа NCPA (National Centre for the Performing Arts) во Пекинг.
Нашиот познат бас на „Фејсбук“ соопшти дека му се потврдени уште три нови претстави во оваа улога од операта на Моцарт во NCPA во Пекинг, во април – мај 2027 година.
Во меѓународните ангажмани на Дурловски оваа година се и настапот во јуни во Teatro Regio во Торино, Италија, во улогата на Анџелоти од операта „Тоска“ на Пучини, во септември ќе има концерт во Париз и во октомври ќе настапи во Моцартовиот „Реквием“ во Teatro Colon de Bogota во колумбиската престолнина.
– Во меѓувреме редовно на репертоарот на мојата матична куќа, Македонската опера и балет, во улогите на Закарија, Спарафучиле, Симон, Тимур, Комендаторе… – напиша Дурловски на својот фејсбук-профил.
февруари 14, 2026

