Connect with us

Хроника

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво

Единаестгодишно дете од Штип се здобило со тешки телесни повреди, откако изгубило контрола на својот велосипед и удило во дрво, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип. 

Во соопшттението се наведува дека на 08.02.2026 во 12.10 часот во СВР Штип од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди било донесено 11-годишно момче од Штип. Според пријавеното, малолетникот управувајќи велосипед, во близина на место викано „Сончев град“  изгубил контрола и удрил во дрво.

Малолетникот е хоспитализарн во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот бил известен Јавен обвинител и извршен е увид. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2